фото: EPA-EFE/CRAIG LASSIG

НБА: Прв триумф на Минесота во финалето на Западот против Оклахома

Кошаркарите на Минесота ја победија Оклахома со 143:101 на домашен терен и го намалија водството на 2:1 во финалето на плеј-офот во Западната конференција на НБА.

Најдобри играчи во победничкиот тим беа Ентони Едвардс со 30 поени и девет скокови, и Џулиус Рендл со 24 поени.

Најефикасен играч за тимот на Оклахома беше Шеј Гилџес-Александер со 14 поени.

Четвртиот натпревар ќе се игра во понеделник во Минеаполис, а петтиот натпревар е закажан во Оклахома во среда.

Моментно во финалето на Истокот екипата на Индијана води со 2:0 против Њујорк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот