НБА плеј-оф или времето да го помине со својот син: За Ариза воопшто нема дилеми

twitter/Bleacher Report

Продолжението на сезоната во НБА лигата е закажано за 31. јули, а сите натпревари ќе се играат во Дизниленд во Орландо.

Екипата на Портланд ќе биде дел од 22. екипи кои ќе го доиграат регуларниот дел од сезоната во НБА лигата во Орландо, но ќе биде ослабена за искусниот Тревор Ариза.

Имено, 34-годишниот кошаркар кој со ЛА Лејкерс ја освои титулата поради судска одлука и изборот пред кој се најде.

Ариза има 12-годишен син кој поради бракоразводната постапка која е во тек, тој живее со мајка му. Таа успеала да издејствува во судот, додека не се заврши процеот, Ариза своето дете да може да го види само за време на едномесечниот летен „прозорец“ кој се поклопува со терминот на одигрување на завршницата во НБА лигата.

Кошаркарот воопшто не размислуваше и го озвести тренерот дека тој нема да настапи за Портланд за да може времето да го помине со својот син.
НБА лигата им дозволи на кошаркарите доколку не сакаат од разни причини да играат во Орландо, дека нема да сносат никакви последици,но затоа ќе останат без дел од примањата.

Ариза кој ќе би пропушти последните осум натпревари од регуларниот дел од сезоната ќе остане без милион долари, но за него времето да го помине со синот е бесценето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот