НБА: Дончиќ го „урна“ шампионот, Харден броеше до 49! (ВИДЕО)

фото:твитер

Во триумфот од 110:102 во „Американ Ерлајнс“ центар над актуелниот бранител на титулата, Торонто Репторс, Дончиќ запиша 26 поени, 15 скокови и седум асистенции.

Клучен придонес имаше и Летонецот Кристапс Порзингис кој забележа 20 поени и 15 скокови, а токму тој и Дончиќ се промовираа како први соиграчи кои во Далас и воопшто во НБА лигата, родени надвор од САД, во еден ист меч за една иста екипа постигнаа 20+ поени и 15+ скокови. Кај Репторси се истакнаа Пауел со 26 поени и ВанВлит (24), додека Сиакам уфрли 15 поени.

Без продолженија Лос Анџелес Клиперс постигна дури 150 поени во победата пред своите навивачи против Атланта, а Пол Џорџ по враќањето на терените повторно доминира, па така сега запиша 37 поени, следен од Лу Вилијамс (25) и Робинсон (21). На спротивната страна во дресот на Хокси се истакна Јанг со 20 поени.

Хјустон во Минесота славеше со 125:105, а Џејмс Харден дуелот го заврши со 49 поени. Во составот на домаќините Таунс имаше „дабл-дабл“ учинок од 27 поени и 15 скокови.

Портланд со 121:116 беше подобар од Сан Антонио, МекКолум имаше 32 поени, а Лилард 22. За Спарси доминираше Олдриџ со 30 поени и 13 скокови.

НБА, резултати –

Чикаго Булс-Бруклин Нетс 111:117
Индијана Пејсерс-Милвоки Бакс 83:102
Њујорк Никс-Шарлот Хорнетс 102:103
Мајами Хит-Њу Орлеанс Пеликанс 109:94
Минесота Тимбервулвс-Хјустон Рокетс 105:125
Далас Маверикс-Торонто Репторс 110:102
Сан Антонио Спарс-Портланд Трејл Блејзерс 116:121
Лос Анџелес Клиперс-Атланта Хокс 150:101

Источна конференција –
1.Бостон Селтикс 10-1
2.Милвоки Бакс 9-3
3.Мајами Хит 9-3

Западна конференција –
1.Лос Анџелес Лејкерс 10-2
2.Хјустон Рокетс 10-3
3.Денвер Нагетс 8-3

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот