Научници тврдат дека оралната контрацепција го менува мозокот на жените

Новото истражување спроведено во Канада покажа дека секојдневната употреба на апчиња за контрацепција го менува мозокот на жените. Таблетите за контрацепција може да имаат сличен ефект врз мозокот на жените како алкохолот, менувајќи ги деловите од нивниот мозок одговорни за инхибиции, одлучување и контрола на импулсите.

Студијата, објавена во Frontiers in Endocrinology, ги анализирала ефектите на оралните контрацептиви, кои ги земаат речиси две третини од жените на возраст од 15 до 49 години, врз мозокот.

„Кога се препишуваат орални контрацептиви, девојките и жените се информирани за различни физички несакани ефекти, како на пример дека хормоните што ги земаат ќе го прекинат менструалниот циклус и ќе ја спречат овулацијата“, вели авторката на студијата Александра Брујард, истражувач на Универзитетот во Квебек во Монтреал.

Сепак, таа додаде дека ефектите на апчињата врз мозокот не се темелно истражени, ниту пак жените се предупредени за нив.

Во истражувањето учествувале 139 жени на возраст меѓу 23 и 35 години, од кои некои користеле орална контрацепција во тоа време, некои од нив веќе престанале да ја земаат дотогаш, а некои од жените никогаш не земале хормонална контрацепција. Во истражувањето учествувал и 41 маж.

„Во споредба со мажите, жените кои користат апчиња за контрацепција имале потенок вентромедијален кортекс, кој е нормално одговорен за регулација на емоциите, рече Брујард.

„Сепак, се чини дека процесот е реверзибилен по прекинот на користење на пилулите, бидејќи поранешните корисници на контрацепција не ги покажаа истите резултати. Но потребни се дополнителни истражувања за да се потврдат овие наоди“, рече таа.

Според неа целта на нивната работа не била против употреба на комбинирани орални контрацептиви, но за да се освестат жените дека пилулата може да влијае на нивниот мозок.

Според некои претходни студии жени кои почнале да земаат контрацепција како тинејџери покажале зголемен ризик од депресија, а некои дури тврделе дека по прекинот на пилулата, нивните преференции при изборот на сексуални партнери се промениле, што некои жени и самите го потврдиле.

„Мојот вкус за мажи многу варира во зависност од тоа кога земам апчиња, а кога не“, вели една жена. „Ни рекоа дека постои можност за гадење, зголемување на телесната тежина, промени во расположението и сето тоа ми изгледа подносливо, но лекарите не ве предупредуваат дека апчињата влијаат на вашите чувства и желби“, изјави еден од нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот