НАТО го осуди нападот кај Оман, повикувајќи го Иран да ги почитува меѓународните обврски

Фото: EPA-EFE/STRINGER

НАТО денеска им се придружи на сојузниците остро осудувајќи го нападот врз нафтениот танкер „Мерсер Стрит” крај брегот на Оман, и изрази сочувство до Романија и Велика Британија за претрпените загуби.

„Слободата на пловење е од витално значење за сите сојузници во НАТО и мора да се почитува во согласност со меѓународното право“ се наведува во соопштението на Алијансата.

Обединетото Кралство, САД и Романија заклучија дека најверојатно Иран е одговорен за овој инцидент, а сојузниците изразуваат загриженост поради иранските дестабилизирачки дејствија во регионот и го повикуваат Техеран да ги почитува своите меѓународни обврски.

Две лица, Британец и Романец, загинаа во нападот со беспилотно летало врз нафтениот танкер „Мерсер Стрит”, што го управува компанијата „Зодијак маритим”, сопственост на израелскиот милијардер Ејал Офер.

Бродот пловеше под знамето на Либерија, а компанијата соопшти дека се уште се утврдуваат сите околности, додека израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид во петокот за инцидентот го обвини „иранскиот тероризам” .

Иран ги отфрли обвинувањата, наведувајќи дека Израел со ваквите неосновани тврдења се обидува да го оттргне вниманието од фактите.

Блинкен: Убедени сме дека Иран стои зад нападот кај Оман

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот