Наставници излегоа на протест: „Не сакаме спојување на повеќе предмети во еден!“

Наставниците денеска излегоа на протест организиран од Независниот синдикат за образование и наука. Тие се незадоволни што од следната учебна година  предметите географија, историја, хемија, физика, биологија, етика, граѓанско образование, информатика и техничко образование – ќе се спојат во неколку предмети. Наставниците побараа да се почитуваат нивните колективни договори. Тие стравуваат дека поради спојувањето на неколку предмети во еден, ќе има наставници што ќе останат без работа и ќе бидат технолошки вишок.

Дополнително, присутните наставници изјавија дека со спојувањето на повеќе предмети во еден, нивниот професионален интегритет ќе биде нарушен, односно секој ќе треба да специјализира за се и ќе станат како што рекоа „општи работници“.

„Незадоволни сме и од непочитувањето на колективните договори во секторот образование. Во моментов најниската плата за најнизок степен на сложеност изнесува 12.000 денари (НЕТО), а сведоци сме дека минималната плата во државата изнесува 20.175 денари (НЕТО). Министерството за образование и наука нема слух ниту волја да ги почитува законите, а паралелно на сето тоа, сведоци сме како јавните функционери ЕКСПРЕСНО ја спроведоа одлуката на уставниот суд и добија покачување за 78 проценти. За јавните функционери законот е закон и тој мора да се почитува, а за просветните работници не важат истите правила, велат од Синдикатот.

Маршот на наставниците почна во 12 часот од Жена парк, а заврши пред министерството за образование и наука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот