Настава без мобилни телефони за основците во Гази Баба

Фото: Општина Гази Баба

Во основните училишта на територијата на општина Гази Баба учениците повеќе не смеат да користат мобилни телефони додека трае наставата. Ваквиот потег треба да придонесе, како што вели градоначалникот Бобан Стефковски,  да се зголеми квалитетот на образовниот процес.

Сите основни училишта извршија набавка на специјално изработени џебови кои се поставени во секоја училница. Секој ученик на почеток на секој час го остава својот мобилен телефон во џебот на кој е испишан бројот на ученикот од дневникот – објасни Стефковски околу тоа како ќе се спроведува донесената одлука во училиштата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот