Населението во Египет се зголемило за 1,6 милиони годинава, сега брои 104,4 милиони

EPA-EFE/Mohamed Hossam

Населението во Египет се зголемило за 1,6 милиони во 2022 година, објави Централната агенција за јавна мобилизација и статистика, цитирана од весникот „Ал Ахрам”.

Во јануари годинава северноафриканската земја имала 102,8 милиони жители, а во декември тие веќе биле 104,4 милиони.

Во најнаселената област – Каиро, веќе живеат 10,2 милиони луѓе. На второ место е Гиза со 9,5 милиони.

Со сегашните стапки на раст, населението на Египет ќе порасне на 192 милиони луѓе во 2052 година, предвидува извештајот на Агенцијата за статистика. Пресметките покажуваат дека државата треба да ги удвои инвестициите во инфраструктурни проекти и јавни работи.

Во последниве години, египетските власти започнаа неколку кампањи и програми за намалување на наталитетот, одвојувајќи сто милиони египетски фунти (околу 5,2 милиони долари) за обезбедување на контрацептивни средства бесплатно или по намалени цени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот