Народна банка: Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво

Народна банка зграда
Народна банка на Република Северна Македонија / Фото: МИА

Народната банка ги демантира информациите објавени на некои портали и на социјалните мрежи дека е покачен курсот на еврото. Девизниот курс на денарот е стабилен и нема промени во неговото ниво, велат од централната банка.

– Во објавите се прави забуна помеѓу курсната листа за вршење на платен промет со странство за потребите на државните органи, со средниот курс кој е релевантен податок за вредноста на валутите. Средниот курс на еврото според курсната листа на Народната банка изнесува 61,69 денари и истиот е непроменет во однос на лани, потенцираат од Народната банка.

На веб страницата на Народната банка https://www.nbrm.mk/kursna_lista.nspx секојдневно се објавуваат овие податоци и тие се единствениот релевантен извор на информации за девизниот курс на домашната валута.

– Народната банка располага со низа инструменти со коишто ја гарантира стабилноста на денарот во однос на еврото. Девизните резерви коишто се клучни за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута се на високо ниво – двојно повисоко од пред глобалната економска криза во 2008 година, нагласуваат од централната банка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот