Народен правобранител: Затворите се пренатрупани, осудениците се сместуваат во ходници

Насер Зибери, Народен правобранител
Насер Зибери, Народен правобранител

Имаме сериозен проблем со затворите во Македонија и нивна прекубројност на затвореници. Имаме случаи каде затвореници се сместени по ходиници бидејки нема место во затворот, посочува Насер Зибери, народен правобранител, за „Студио 10“ на ТВ 24.

Советот на Европа ни упатува критики за подобрување на условите во затворските одделенија. Условите во однос на храна, здравствена заштита, сместување. Тие се исто така далеку од потребните стандардите на затворската популација. Имаме случаи каде поради големиот број на зтавореници, некои се сместуваат во ходниците, вели Зибери.

Потребен е процесот на ресолизација на затворенциите. Ние немаме обуен кадар. Смислата на изолација и ставање на лицата кое сое во судар со законот е, да се ресоцијализираат. Често пати ни се вракаат како рецедивисти заради условите на затворот, додава Зибери.

Правобранителот додава дека голем дел од затворската полиција не е доволно обучена за постапување со овие лица и потенцира дека постојат злопутреби и кај третманот на лицата зависници од дрога каде терапијата ја дели лице неовластено. Освен две-три установи, останатите немаат психијатар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот