НАПАД НА ЈУГ ВО ФРАНЦИЈА: Со ножеви напаѓале луѓе во Лион, едно лице убиено, шест повредени

Фото: EPA-EFE/Frederic Scheiber

Во напад со нож а југ во Франција недалеку од Лион убиено е едно лице, а шест се повредени, јавуваат тамошните медиуми.

Двајца мажи вооружени со ножеви нападнале неколку луѓе на еден паркинг кај станицата за метро Лорен Вилербан, преградие во Лион.

Локалните медиуми пренесуваат дека напаѓачите со ножеви нападнале случајни минувачи.

Сообраќајот на метрото веднаш бил ставен во прекин.

Едниот од напаѓачите бил уапсен, додека другиот е во бегство, јавуваат локалните медиуми, додавајќи дека по него била пуштена потера од страна на полициските сили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот