Наместо да бидат во затвор, дилале дрога во Козле – приведени двајца криминалци барани по потерници

Синоќа во 21.30 часот на ул.„Козле” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје ги лишиле од слобода В.З.(21) и О.С.(25), двајцата од Скопје.

В.З. бил баран со централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба” по член 236 од Кривичниот законик. О.С. бил баран со централна потерница од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од три години и шест месеци за сторени кривични дела „тешка кражба” по член 236 од Кривичниот законик, по наредба на Основното јавно обвинителство Куманово за истрага поради сомнение дека сторил кривично дело по член 237 од Кривичниот законик.

При претрес на просториите кои заеднички ги користеле, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и две дигитални ваги.

Лицата биле спроведени во надлежните казнено-поправни установи за издржување на затворските казни, а по расчистување и документирање на останатите случаи против нив ќе бидат поднесени и соодветни кривични пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот