Намален водостојот на Вардар, реката преполовена кај Јегуновце

Намален е водостојот на реката Вардар на мерните место кај Јегуновце, Скопје и кај Демир Капија, покажаа најновите мерења на Управата за хидрометеоролошки работи.

Најголемо намалување е забележано кај Јегуновце, од вчерашните 146 на 92 сантиметри.

Во Скопје кај Железниот мост вчера се измерени 111, а денеска 97 сантиметри, додека кај Демир Капија, има пад од 142 на 136 сантиметри.

УХМР бележи намалување на водостојот и на реката Лепенец кај вливот, Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Пелинце, Крива Река кај Крива Паланка, Брегалница кај Берово и кај Штип, Струмица кај Сушево и кај Ново Село, Црн Дрим кај Ложани, Сатеска кај Ботун, како и на Радика кај Бошков Мост.

Зголемување е евидентирано на реката Пчиња кај Катлановска Бања, од 72 на 79 сантиметри. Водостојот на Црна Река кај Новаци е зголемен од 54 на 56 сантиметри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот