Налепниците за растојание во Либија го добија ликот на Макрон

Портретот на францускиот претседател Макрон почна да се користи за налепници со кои се ограничува растојанието на купувачите во продавници во кои пазарат само жени во Либија.

Откако Францускиот претседател застана во одбрана на правото на слобода на говор и изразување и ги бранеше карикатурите со пророкот Мухамед велејќи дека Франција нема да се откаже од нив не стивнува револтот во муслиманските земји. До сега, најбурно реагираше турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган, а не заостануваат ни другите муслимански земји.

Протестите против овој лидер се шират од Турција, преку Либија до Газа. Лутината сите ја искажуваат на различни начини. Освен протести кои се организираат низ светот во некои земји се појавија и други неконвенционални форми со кои се демонстрира несогласување со францускиот претседател.

Бутик за жени во Либија ги искористи неговите фотографии за да залепи налепници на подот со кои се обележува растојанието на кое муштериките треба да внимаваат заради заштита од коронавирусот. На тој начин сопствениците на бутикот им овозможил да го газат ликот на Макрон додека се движат низ продавницата.

Како одговор на карикатурите со пророкот Мухамед и најновата со турскиот претседател Ердоган весник во Иран објави карикатура во која Макрон изгледа како ѓавол.

Тензиите меѓу Франција и Турција траат неколку дена. На критиките на Ердоган се приклучија и други муслимански земји, кои „ги осудија навредите на Макрон на штета на исламот“, а сè се случи откако француски професор беше обезглавен затоа што на час по слобода на изразување покажал карикатури на пророкот Мухамед, Францускиот претседател Макрон го оцени нападот за тероризам.

 

 

Макрон ќе го посети вечерва местото на нападот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!