Фото: Инстаграм/luanalonsom

Најзгодната пливачката на Олимпијадата е исфрлена од олимпиското село: Ги „реметела“ спортистите со непримерно однесување

Пливачката од Парагвај, Луана Алонсо беше исфрлена од олимпиското село поради тоа што им го одвлекува вниманието на другите натпреварувачи, носејќи оскудна облека и дружејќи се со спортистите, пишува „Дејли мејл“.

Претставниците на Олимпискиот комитет на Парагвај ѝ забранија да се дружи со другите членови на тимот поради „непримерно однесување“.

На парагвајската пливачка ѝ било кажано да замине откако официјалните лица рекле дека таа создала „несоодветна атмосфера“ со своето однесување.

Фото: Инстаграм/luanalonsom

Прекрасната 20-годишна русокоса, беше видена како шета во сопствен избор на облека, а не во официјалниот комплет обезбеден од шефовите на парагвајските тимови.

Таа, исто така, беше забележана како се дружи со други спортисти и беше кажано дека им го одвлекува вниманието на нејзините соиграчи кои сѐ уште се натпреваруваат.

„Нејзиното присуство создаде несоодветна атмосфера во тимот на Парагвај, ѝ благодариме што ги следеше упатствата бидејќи не преноќи во олимпиското село по своја волја“, изјави шефот на парагвајската делегација Лариса Шаерер.

Фото: Инстаграм/luanalonsom

Имено, на Олимписките игри во Париз, Луана исплива во квалификациите за 100 метри делфин и не успеа да се пласира во полуфиналето. После тоа решила да стави крај на кариерата во пливање. Но, практика е спортистите да останат во Селото до крајот на Игрите, кога учествуваат на затворањето и големата забава во градот домаќин.

Странските медиуми пишуваат дека Луана се пријавила во хотел во Париз пред да биде исфрлена од олимпиското село. Слободното време го поминувала во луксузни продавници и ресторани и објавувала фотографии на Инстаграм. Од Комитетот ѝ кажале да остане во хотелот и да не се враќа во Селото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот