Најстудениот Божик во изминатите 40 години ги смрзна Американците

Големата зимска бура што ги зафати САД оваа недела може да предизвика во делови од државата најстуден Божик во изминатите четири децении, велат метеоролозите. Студениот бран кој се случува еднаш во генерација почна во вторникот во северозападниот дел на Пацификот, пред да се пресели на исток и да стане „циклонска бомба” до петок.

Повеќе од 90 милиони луѓе се предупредени за зимски временски неприлики во 37 држави. Околу 80 отсто од државата ќе доживее ниски температури, вклучително и на југ до Тексас.

Арктичката екслозија која Ведр ченл ја нарече зимска бура Елиот, би можела да го донесе најстудениот Божиќ на Средниот Запад од крајот на 1980-те. Се предвидува дека дури и сончевата држава Флорида ќе го доживее најстудениот Божиќ во изминатите 30 години.

Националната метеоролошка служба (НВС) објави дека до крајот на оваа недела можни се температури од минус 45 до дури минус 56 Целзиусови во некои делови од земјата. Таквите ниски температури можат да предизвикаат „смрзнатини за помалку од пет минути доколку не се преземат мерки на претпазливост, при што можни се хипотермија и смрт поради продолжено изложување на студ”. НВС го нарече тоа зимски временски настан што се случува еднаш во генерација, особено затоа што бурата ќе стигне до регионот на Големите Езера, каде што се очекува нејзиниот притисок да достигне еквивалент на ураган од трета категорија.

Гувернерите на Кентаки и Северна Каролина веќе прогласија вонредна состојба. Снежните услови и замрзнатите коловози се очекува да предизвикаат сообраќаен хаос викендов.

Стотици летови од Денвер и Чикаго се веќе откажани. СЗпоред пргнозите, Денвер ќе се соочи со најголем стиуден бран денеска кога температурите ќе паднат до -26 Целзиусови степени. Денвер Колосеум, голема спортска сала, се претвора во центар за заштита од студот. Чикаго е предупреден да се подготви за обилни снежни врнежи од денеска, придружени со налети на ветер над 80 км/ч.

Како што се развива бурата, метеоролозите предвидуваат дека ќе се претвори во „циклонска бомба “. Циклонска бомба е голема, интензивна бура што брзо се движи, со пад на централниот воздушен притисок од најмалку 24 милибари за 24 часа. Името бомбастично го доби поради експлозивната моќ предизвикана од наглиот пад на притисокот. Таквите бури предизвикуваат тешки временски услови од виулици до обилни врнежи.

Циклонските бомби се најзастапени на источниот брег на САД и Канада, каде студената земја и топлата Голфска струја создаваат оптимални услови за тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот