Најскапата нива во Србија продадена за околу еден милион евра

Ниви Војводина/ Фото: Goran Bogicevic/ Alamy/ Alamy/ Profimedia

Најскапо платената нива во Србија се наоѓа во околината на Нови Сад, во селото Руменка, а како што соопшти Републичкиот геодетски завод (РГЗ), тоа земјоделско земјиште во четвртиот квартал од минатата година се продавало за 50 евра за метар квадратен, објави Политика.

„Парцелата е со површина од нешто помалку од два хектари, поточно 19.970 метри квадратни, а за неа се платени 998.500 евра. Тоа значи дека еден хектар чини 500.000 евра. Тоа е најскапото обработливо земјиште што кога било е продадено во Србија. До оваа продажба најскапиот хектар се плаќаше по 400.000 евра, а се наоѓаше во Каќ кај Нови Сад“, соопшти РГЗ.

Владимир Рафајловиќ од новосадска агенција за недвижности, наведува дека најверојатно се работи за земјиште кое може да се пренамени.

„Се наоѓа во индустриска зона, а се стопанисува како земјоделско земјиште. Овој вид на земјиште е скапо, бидејќи неговата намена може да се промени. Земјоделското земјиште чија намена не може да се промени е најскапо во Бачка. Скокаат цените и во Срем, каде земјиштето е погодно за лозарство и овоштарство. Во овие области на Војводина има најквалитетно земјиште, па цените се движат од 15.000 до 30.000 евра по хектар. Најевтино е земјиштето во Банат, бидејќи е и со најлош квалитет“, вели Рафајловиќ.

Агроекономистот Милан Простран, пак, оценува дека како што се намалува слободното земјоделско земјиште, се зголемува и неговата цена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот