фото: EPA/STEPHAN MUELLER

Најскап рекетот на Рафаел Надал со кој ја освои 10 титула на Ролан Гарос

„Кралот на земјата“, поранешниот шпански тенисер Рафаел Надал, во својата кариера вкупно 14 пати го освои грен слем турнирот Ролан Гарос во Париз, Франција.

На првиот ден од турнирот во 2025 година, на теренот „Филип Шатрије“ се одржа церемонија во негова чест.

Рекетот на Рафа беше продаден за 157.300 долари на аукцијата „Prestige Memorabilia“.

Шпанецот играше со тој рекет во финалето на Ролан Гарос во 2017 година, а славеше тогаш против Стен Вавринка од Швајцарија (6:2, 6:3, 6:1), за 10 титула шампион на грен слем на земјена подлога.

Тоа е најскапиот рекет некогаш продаден на аукција. Претходниот рекорд исто така му припаѓаше на рекетот на Надал – во 2023 година, рекетот што го користеше во финалето на Отвореното првенство на Австралија во 2022 година против Данил Медведев – 3:2 2:6, 6:7(5), 6:4, 6:4, 7:5, што достигна цена од 139,7 илјади долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот