ВИДЕО: Најмалку 16 загинати во руски ракетен напад во источна Украина

Фото: Принтскрин/Твитер

Најмалку 16 лица загинаа во рускиот напад врз градот Костијантинивка во источна Украина, кој што ја засени посетата на американскиот државен секретар Антони Блинкен пишува Ројтерс.

Меѓу загинатите има и едно дете, а околу 20 лица се повредени, изјави украинскиот премиер Денис Шмихал. Според украинските власти, цел на нападот биле пазар, продавници и аптека. На социјалните мрежи се појави снимка од надзорна камера, која ја објави и Зеленски, а на која наводно се гледа моментот на нападот.

 

Зеленски го осуди нападот, во кој  како што рече, меѓу загинатите има и дете, а многу луѓе се ранети.

„Ова руско зло мора да биде поразено што е можно поскоро“, рече Зеленски.

Инаку се очекува Блинкен да објави нов пакет американска помош вреден повеќе од една милијарда долари за време на неговата дводневна посета, изјави висок претставник на Стејт департментот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот