Најмалку 15 мртви, 34 повредени во експлозијата во Кабул

Кабул експлозија/ Фото EPA-EFE/STRINGER

Најмалку 15 лица ги загубиле животите, а 34 лица се повредени во две експлозии што одекнаа во близина на воена болница во главниот град на Авганистан, Кабул, по што следеа истрели, соопштија талибанците, пренесува Ројтерс.

Експлозијата се случила на влезот во болницата „Сардар Мохамед Дауд Кан“ со 400 кревети во центарот на Кабул, по што полицајците биле испратени во областа, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи Кари Саед Хости.

Засега нема информации за жртви, но талибански официјален претставник анонимно изјавил за Ројтерс дека најмалку 15 лица загинале, а 34 се ранети.

Италијанската хуманитарна група „Emergency“, која управува со болница на 3 километри од местото на експлозијата, објави дека досега се хоспитализирани 9 лица.

Фотографиите што ги споделија жителите покажуваат облак чад над местото на експлозијата во близина на областа каде што се наоѓаа амбасадите, во областа Вазир Акбар Кан.

Повеќе борци на ИД влегле во болница

Очевидци велат дека најмалку два хеликоптери ја прелетале областа.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но официјалната новинска агенција Бахтар цитираше сведок дека неколку борци на Исламската држава влегле во болницата и се судриле со безбедносните сили.

Вработен во болницата, кој успеал да побегне, рекол дека слушнал силна експлозија проследена со пукање кое траело неколку минути.

Десет минути подоцна, се случи уште една, поголема експлозија, рече тој.

Тој рече дека не е сигурен дали експлозијата и пукањето се случиле внатре во болничкиот комплекс.

Исламската држава, која изврши серија напади врз шиитските џамии откако Талибанците ја презедоа власта во август, уби повеќе од 30 луѓе во напад на болница во 2017 година.

ВИДЕО: Силна експлозија во близина на воена болница во Кабул

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот