Најмалку 11 лица исчезнаа во поплавите во кинеската провинција Гуандонг

Фото: Твитер

Најмалку 11 лица ги загубија животите во поплавите предизвикани од обилните дождови кои претходниот ден ја погодија источната кинеска провинција Гуангдонг, јавија британските медиуми.

Поради поплавите повеќе од 50.000 луѓе се раселени, соопшти Одделот за управување со вонредни состојби во Гуангдонг, пренесува Чајна дејли.

Лошото време најмногу ги погоди градовите Шаогуан, Гуангжу, Хехуан, Џаокинг, Меиџоу и Хуиџоу.

Британските медиуми пренесуваат дека во помош на погодената провинција притекна и кинеската армија, помагајќи пред се во расчистување на патиштата.

Кинеската влада вчера го одобри спроведувањето на плановите за вонредни состојби поради заканата од поплави во провинцијата Гуангдонг, кои им се закануваат на 127 милиони жители.

Метеоролозите вчера објавија дека водостојот на реката во некои делови на провинцијата достигна ниво што се бележи само еднаш во 50 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот