Најмалку 10 луѓе загинаа во руските напади врз Украина

експлозија/ Фото Твитер

Најмалку десет луѓе загинаа, а приближно 60 се повредени во руските ракетни напади во Украина, соопшти украинската полиција.

Руските сили утрово во координиран ракетен напад погодија неколку украински региони, вклучително и градовите Киев, Лавов и Харков.

Во меѓувреме украинското воено разузнавање соопшти дека рускиот претседател Владимир Путин денешниот напад го наредил на почетокот од месецот.

– На 2 и 3 октомври, руските окупациски сили добија наредба од Кремљ да подготват масовни ракетни напади врз украинската цивилна инфраструктура. Воените единици за стратешки и воздушни напади со долг дострел добија наредба да подготвуваат напади. Критичните цивилни инфраструктурни објекти и централните делови на густонаселените украински градови се идентификувани како цели, се посочува во соопштението на украинското воено разузнавање.

Претходно Путин изјави дека денешните напади врз Украина се извршени како одмазда за „терористичките напади на руска територија”, алудирајќи на нападот врз мостот на Крим.

Москва тврди дека цели на нападот биле воена, енергетска и комуникациска инфраструктура, но фотографиите и извештаите од местото на настанот покажуваат дека ракетите погодиле и станбени згради.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот