Најдени и одземени рибарски мрежи во Охридско Езеро со уловени 93 парчиња риба

Фото: СВР Охрид

Осум мрежи со уловени 93 парчиња риба, најголем дел Пастрмка, се пронајдени меѓу плажата „Дебрца“ и „Версус“ во Струга oд страна на Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“.

„Денеска (24.10.2023 ) по преземени мерки и активности, полициски службеници од ПС за ГН „Охридско езеро“ на потегот од плажа „Дебрца“ до плажа „Версус“ – Струга, на околу 1000 метри од брегот, пронајдоа осум рибарски мрежи со должина од по околу 100 метри, со улов од 93 парчиња риба, со вкупна тежина од 11.4 килограми“, информираат од СВР Охрид.

МВР презема мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот