Најбогатиот фудбалер на светот остана без клуб

фото: EPA-EFE/MARK R. CRISTINO

Репрезентативецот на Брунеј, Фаик Болкија (22) остана без клуб, откако му истече договорот со англискиот премиерлигаш клуб Лестер сити.

Болкија потпиша за Лестер сити во 2016 година, но не играше ниту една минута во англиското првенство, иако редовно настапуваше за помладите екипи на „лисиците“.

Фаик е роден во Лос Анџелес, играше за младинските екипи на Саутемптон и Челси пред Лестер.

Оваа вест тешко дека ќе го најдеше својот пат до медиумите, доколку Болкија не е најбогатиот фудбалер на светот. Фаик е принц на Брунеј и внук на султанот на таа земја, Хасанал Болкија, а неговото богатство се проценува на повеќе од 20 милијарди долари.

Колку за споредба, следен на списокот најбогати фудбалери е Португалецот Кристијано Роналдо кој тежи околу 470 милиони долари, 50 повеќе од Аргентинецот Лионел Меси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот