Фото: Турнир во мал фудбал "Оливер Соколов - Сокол"

Најавениот дожд во Скопје го одложи финалето на најпознатиот македонски турнир во мал фудбал

На најпознатиот македонски турнир во мал фудбал преостанува да се одигра уште само финалето во кое ќе се сретнат екипите на АСП ПАК  Компанија Атанасовски, а од истото ќе има и директен пренос.

Сепак, иако првично беше закажано за в недела на 28 септември, сепак ќе се помести за следниот викенд на 4 октомври (сабота). Причина за одложувањето е најавениот дожд кој се очекува во главниот град викендов.

Натпреварот кој ќе се одигра на игралиштето „Сокол“ во Карпош на ТВ екраните ќе може да се проследи на каналот на МРТ 3, но исто така и на официјалниот Јутјуб канал на турнирот.

„Најдобрите на едно место – вистинска магија на малиот фудбал, да ги поддржиме екипите и да создадеме атмосфера за паметење!“, порачуваат организаторите.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот