Нафтата која се излеа во рускиот Арктик стигна до блиското езеро

epa08474705 A handout picture made available by the press service of the Public Joint Stock Company 'Transneft' shows an aerial view of rescue works the site of oil products spill into the Ambarnaya river outside of Norilsk, Russia, 08 June 2020 (issued 09 June 2020). About 20,000 tonnes of oil products leaked 29 May 2020 and polluted the waters of Ambarnaya and Daldykan rivers after an accident at a heat and power station (a Norilsk Nickel subsidiary) in industrial city of Norilsk located above the Arctic Circle. EPA-EFE/Transneft PJSC HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Градот Норилск вети дека ќе ги покрие трошоците за чистење и објави дека верува дека несреќата е предизвикана поради одмрзнување на пермафростот кој ги урнал темелите на резервоарот со гориво.

Нафтата која се излеа во рускиот дел на Арктичкиот круг стигна до езерото од кое тече река севервено кон океанот, објавија денеска официјални лица.

Резервоар со гориво на електраната во близина на сибирскиот град се урна, при што повеќе од 21 илјади тони дизел гориво се излеа во реките и на тлото.

Гринпис тој инцидент го спореди со излевањето на нафта на компанијата Ексон Валез во близина на Аљаска во 1989 година, што се смета за една од најголемите еколошки катастрофи во историјата.

Властите се обидуваат да расчистат и да го задржат ширењето на горивото кое стигна до езерото Пјасино, оддалечено на околу 20 километри од Норилск.

„Горивото влезе во езерото Пјасино“; објави Александар Ус, гувернер на регионот Краснојарск.

„Сега е важно да се спречи да влезе во реката Пјасина, која тече кон север. Тоа би требало да е можно“, додаде тој.

Езерото Пјасино е долго околу 70 километри, а од него до Карското море, дел од Арктичкиот океан, тече реката Пјасина.

„Тоа би имало негативно влијание и на залихите на вода, на животните кои ја пијат како и на билките кои растат на брегот на реката“, рече Василиј Јаблоков, одговорен во Гринпис за климатски прашања во Русија.

Норилск, зафрлен град со околу 180 илјади жители, се наоѓа во Арктичкиот круг и е изграден околу компанијата Норилск Никел, водечки светски производител на никел и паладиум.

Ус нагласи дека оваа катастрофа е најлоша од тој вид на Антарктикот и во модерната руска историја и истакна дека мора да се истражи зошто на таа компанија и требало два дена за да ги извести властите за несреќата и во почетокот да даде погрешно објаснување.

Градот Норилск вети дека ќе ги покрие трошоците за чистење и објави дека верува дека несреќата е предизвикана поради одмрзнување на пермафростот кој ги урнал темелите на резервоарот со гориво.

Претседателот Владимир Путин минатата недела прогласи вонредна состојба во тој регион и ги критукуваше локалните власти поради лошото управување со инцидентот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот