Надлежните во Германија не знаат каде да го одложат опасниот нуклеарен отпад од централите кои се затвораат

Нуклеарна централа / Фото: Профимедиа

Кога станува збор за големите прашања кои ги мачат научниците ширум светот, нема поголем проблем од овој: „Каде безбедно да се закопаат повеќе од 28.000 кубни метри радиоактивен отпад за следните милион години?“

Ова е сериозен проблем со кој се соочува Германија, во периодот кога ги затвора сите нуклеарни централи во следните години, констатира професорката Миранда Шеруерс, која е дел од тимот кој бара безбедни локации за одложување на овој опасен отпад, пренесува Си-Ен-Ен.

Ескпертите бараат локации на кои ќе може безбедно да се закопаат речиси 2.000 контејнери со многу опасен радиоактивен отпад. Локацијата мора да биде речиси „перфектно“ обезбедена, што значи дека подземните води или земјотресите не смеат да предизвикаат истекување.

Технолошките предизвици за транспорт на смроносниот отпад, изнаоѓање на материјали за да се складира, па дури и информирање на луѓето во иднината за неговото постоење, се многу големи.

Но, можеби најголемиот предизвик денес едноставно ќе биде да се пронајде заедница која е подготвена да прифати да има нуклеарен отпад во нивниот двор.

Германија одлучи да ги извади од употреба сите нејзини нуклеарни постројки по катастрофата во Фукушима во 2011 година, поради зголемите безбедносни ризици. Седум нивни нуклеарни централи се уште работат и треба да се затворат до 2022 година.

Сепак, со нивното затворање доаѓа нов предизвик, да се пронајде локација за одлагање на нуклеарниот одпад од страна на владата до 2031 година.

– Германија е во една необична ситуација, поради тоа што знае точно колку отпад ќе треба да се справи. Вистинскиот предизвик е каде да го остави – велат експертите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот