Надеж во справувањето со Ковид-19: Имунолошката меморија сугерира крај на пандемијата

Шпанија ковид/ Фото EPA-EFE/BALLESTEROS / POOL

Преминот на корона вирусот од пандемија во ендемска фаза ќе почне да се забележува во земјите со високо ниво на вакцинација. Но, силниот бран со кој се соочува Кина повикува на претпазливост.

Во Франција, најновата епидемиолошка точка од Јавното здравство Франција го истакна забавувањето на вирусот на национално ниво, но „бројот на нови хоспитализации остана висок” во текот на неделата од 12 до 18 декември.

Конкретно, зборуваме за „ендемично” кога некоја заразна болест континуирано и трајно се населува во регион или држава. Болеста потоа може да влијае на повеќе или помалку значаен дел од населението, но повеќе не напредува. Во некои земји навистина можеме да сметаме дека Ковидот може да стане ендемичен. Случајот со Франција е сличен на оној на Германија. Интензитетот на епидемиските врвови има тенденција да се намалува за време на различни бранови, особено благодарение на меморијата на имунолошкиот систем, вели директорот на единицата за вируси и имунитет во Институтот Пастер, професор Оливие Шварц.

Професорот Шварц истакна дека во Кина, омикрон ќе продолжи да се развива.

Мутациите можеби не се поврзани со зголемена отпорност на антитела, со оглед на нискиот имунитет на кинеската популација. Но, не знаеме во која насока би можел да еволуира вирусот, објаснува професорот Шварц.

Во Европа, според Ксавиер де Ламбалери член на новиот научен совет на Франција, епидемиолошката ситуација се менува благодарение на имунитетот на населението стекнат и со природни инфекции и со вакцинација.

Едно од сценаријата што може да изгледа веројатно е тоа дека вирусот ќе продолжи да мутира, но со поретка фреквенција на појава на навистина различни варијанти – и поврзан со поголеми епидемии, појаснува тој.

Германскиот виролог Кристијан Дростен, сугерира дека Германија го доживува првиот ендемски бран на Сарс-Ков-2.

Според мое мислење, пандемијата е завршена. Гледаме дека бројот на тешки случаи се повеќе се намалува. Мислам дека нема повторно да се вратиме назад, изјави Дростен.

Тројцата експерти нагласуваат дека „бустер” дозата против коронавирусот и заштитата остануваат најдобрата одбрана од Ковид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот