Над сто општини во Франција веќе немаат вода за пиење

Суша во Франција
Суша во Франција / Фото: EPA-EFE/SEBASTIEN NOGIER

Повеќе од сто општини во Франција денеска веќе немаат вода за пиење, изјави францускиот министер за еколошка транзиција Кристоф Бечу.

– Во овие општини, прецизира министерот, „има снабдување со камиони со вода за пиење (…) бидејќи веќе нема ништо во цевките, рече Бечу за време на посетата на поморските Алпи, кој ситуацијата како „историска”.

– Зборовите на премиерката Елизабет Борн се многу јасни: историска суша, нагласи министерот, при патувањето во Румулес, во срцето на една плантажа со лаванда. Изутринава, премиерката Елизабет Борн ја активираше меѓуресорската единица за кризи, која треба да се состане во текот на денот, соочена со „историската ситуација низ која минуваат многу територии”, објави Матињон.

Кристоф Бечу, териториите кои се соочуваат со „продолжен дефицит на вода”, ги замоли да ја „предвидат” состојбата. – Тешкотијата на логистика и транспорт не е иста според општините, подвлече министерот, појаснувајќи дека тоа е во зависност од тоа дали е планинска општина, голема или мала агломерација.

По планатажата со лаванда во Румулес, Кристијан Бечу мора да оди, придружуван од министерот за земјоделство Марк Фесно, по водниот тек Клостр, каде што ќе разговара за прашањата за сушата и биолошката разновидност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот