Над две третини од Французите не би имале ништо против да се воведе вонредна состојба

Фото: EPA-EFE/JULIEN MATTIA

Речиси 70 отсто од жителите на Франција поддржуваат воведување вонредна состојба во земјата поради немирите предизвикани од убиството на тинејџер од арапско потекло од страна на полицијата, покажуваат резултатите на истражувањето на Францускиот институт за јавно мислење (ИФОП).

Истражувањето на ИФОП е спроведено од 29 до 30 јуни, а опфатило 1.005 луѓе постари од 18 години.

„69% од Французите поддржуваат воведување вонредна состојба“, соопшти ИФОП, напоменувајќи дека прашањето за воведување вонредна состојба е поставено по повеќедневните немири во Франција по убиството на седумнаесетгодишното момче, кои вклучуваа напади на полициски станици, уништување државен имот, пожари и друго.

Француски полицајци минатиот вторник го убија 17-годишниот тинејџер за време на сообраќајна контрола во Нантер, поради тоа што, според нивните тврдења, одбил да сопре.

Во повеќе градови во Франција избија немири кои траат неколку дена. Според податоците на министерството за внатрешни работи, демонстрантите низ земјата запалиле околу 3.800 автомобили, како и згради на полицијата и други објекти.

Министерството за економија наведе дека се ограбени околу 250 експозитури на банки, 200 прехранбени продавници и десетина трговски центри.

Специјални полициски сили, вклучувајќи оклопни возила и хеликоптери, се распоредени во повеќе градови. Приведени се околу три илјади лица, од кои многу се малолетници.

Владата соопшти дека ќе ги разгледа сите начини за сопирање на немирите, но засега не е воведена вонредна состојба, иако во многу градови на сила е полициски час.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот