Над 3 500 граѓани минатата недела ја користеле жичницата на Водно

Жичница на Водно: Фото: Архива

Од 10 до 17 февруари жичницата од врв на Водно ја користеле 3 542 граѓани, додека од нив 2 590 граѓани за време на викендот. Ова, како што велат од Град Скопје, покажува дека е голем интересот на скопјани за возење со жичницата од нејзиното реактивирање.

Жичницата до врв на Водно и трите автобуски линии кои сообраќаат до Средно Водно повторно се во функција од 30.12.2021 година. Во периодот ноември до март жичницата работи секој ден, освен понеделник и последниот вторник во месецот од 10 до 17 часот, кога е затворена поради сервисирање.

За возење во жичницата важат протоколите за заштита од КОВИД – во кабина се дозволува превоз на максимум четири лица. Кабините се дезинфицираат трипати во текот на денот.

-За граѓаните на користење се отстапуваат и два транспортера за превоз на домашно милениче, куче со мал/среден раст, а дозволен е и превоз на куче-придружник на лицата со попреченост, наведуваат од Град Скопје.

До Средно Водно сообраќаат три автобуски линии, бројот 25 од Транспортен центар до Средно Водно сообраќа секој ден освен понеделник, како и броевите 25А од Автомакедонија до Средно Водно и 25Б од Дом на печат до Средно Водно, кои сообраќаат само за викенди и државни празници. Сите три линии за време на викендите и државните празници се бесплатни за граѓаните. Возниот ред за овие три автобуски линии граѓаните можат да го погледнат на jsp.com.mk интернет страницата на ЈСП Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот