Над 100.000 луѓе во Гермaнија на протести против екстремната десница

Демонстрации против екстремната десница во Франкфурт - Фотографија Profimedia

Повеќе од 100.000 луѓе ширум Германија денеска излегоа на протести против екстремната десничарска партија Алтернатива за Германија, откако се дозна дека членови на АФД разговарале за планови за масовна депортација.

Околу 35.000 луѓе се приклучија на повикот под слоганот „Обрани ја демократијата – Франкфурт против АФД“, марширајќи во финансиското срце на Германија. Сличен број, со натписи како „Нацистите надвор“, демонстрираа во северниот град Хановер.

Протести беа одржани и во Брауншвајг, Ерфурт и Касел и во многу други градови. Севкупно, од вчера се одржани демонстрации на околу 100 локации низ Германија, а во Берлин се закажани за утре.

Бранот на мобилизација против екстремно десничарската партија беше поттикнат од извештајот на 10 јануари на истражниот медиум Коректив, кој откри дека членовите на АФД разговарале на состанок за протерување на имигрантите и „неасимилираните граѓани“. Не се потврдени извештаите дека на состанокот присуствувале и двајца членови на Христијанско-демократската партија на поранешната канцеларка Ангела Меркел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот