Над 10 илјади мигранти влегле во Британија преку Ла Манш од почетокот на годината

мигранти на ламанш
Полиција на каналот Ламанш / Фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Од почетокот на годината забележани се повеќе од 10.000 мигранти како го преминуваат Ла Манш со мали чамци, се наведува во извештајот на британскиот Хоум Офис.

Седум чамци со 374 луѓе само вчера пристигнале до британските брегови, со што бројот се искачи на 10.139 мигранти. Но, сепак бројка е помала во споредба со истиот период минатата година. Рекордни 45.000 премини на мигранти се регистрирани за целата 2022 година.

Борбата против илегалната имиграција е еден од приоритетите на британската конзервативна Влада, која минатата година владата донесе закон, кој судовите досега го блокираа, за испраќање на барателите на азил во Руанда. И новиот предлог-закон, критикуван во ОН, предвидува спречување на мигрантите кои пристигнуваат преку Ла Манш да бараат азил.
Лондон, исто така, потпиша неколку договори со други земји, како Франција или Албанија, за подобра борба против илегалната миграција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот