На Воениот стадион во Скопје одбележана 4-годишнината од членството на земјава во НАТО

На Воениот стадион во Скопје одбележана 4-годишнината од членството на земјава во НАТО/ Фото: МИА

На Воениот стадион во Градскиот парк во Скопје денеска се одбележа 4-годишнината од членството на земјава во НАТО и 75-годишнината од основањето на Алијансата. На одбележувањето присуствуваше и претседателот Стево Пендаровски.

Членството во НАТО беше одбележано со Отворен ден на Армијата и изложба на воена опрема. Покрај изложените воени средства, возила и опрема, присутните на настанот можеа да проследат и показни вежби од припадниците на баталјонот за специјални сили, алпинистички вештини на ренџерите, вежба со армиски кучиња како и музичка изведба од страна на Воениот оркестар.

Армиските припадници ги запознаваа граѓаните со техничките карактеристики на дел од вооружувањето и опремата на пешадиските единици, единицата за АБХО, воената полиција, специјалните единици, единиците за врски, инженериски единици и повеќе видови на воени возила.

На посебен штанд Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ ги претставуваше своите програми и можностите за студирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот