На влезот во Илинден се гради кружен тек

Фото: Општина Илинден

Општина Илинден започна со изградба на кружен тек на влезот на Општината, поточно на крстосницата која ги опфаќа главните улици 2, 8, 9 и новопроектирана улица 10 на влезот во Илинден.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски вели дека со изградбата на овој кружен тек ќе се растерети сообраќајниот метеж во овој фрекфентен дел од општината, а воедно ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Во рамки на проектот планирана е изградба на кружен тек со партерно и хортикултурно уредување како и јавно осветлување на просторот. Дополнително улиците и кружниот тек ќе бидат сообраќајно хоризонтално и вертикално обележани согласно сообраќајниот проект за траен режим на сообраќај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот