На вардаровата прослава двајца повредени и две искршени возила

Вчера на шлоштад „Македонија“ додека траела прославата на победата на ракометниот клуб „Вардар“ било пријавено дека е оштетено патничко моторно возило „ауди а3“ со скопски регистарски ознаки на булеварот „Гоце Делчев“.

Возилото било оштетено од повеќе лица кои фрлале кон него со бекатон плочки. Телесна повреда здобил Ф.М. (18). Припадници на единицата „Алфа“ за настанот привеле пет малолетници на возраст од 14 до 17 години, сите од Скопје.

На улицата „11 Октомври“ пред Собранието на Македонија било оштетено патничко моторно возило „шевролет спарк“ сопственост на МВР.

Т.П.(17) од Скопје била повредена од пиротехнички средства на плоштад М„акедонија и се здобила со изгореници во пределот на нозете. Исто така, приведен е и Ж.М.(36) од Скопје поради нарушување на јавниот ред и мир пред Собранието на РСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот