НА СПЛИТСКИОТ АЕРОДРОМ: Чистачките штрајкуваат, шефовите ги чистат тоалетите

Поради штрајкот на хигиеничарките на аеродромот во Сплит што трае веќе шест дена, шефовите на аеродромските служби мораат да ги чистат терминалите и тоалетите. Речиси 80 отсто од чистачките штрајкуваат од вторникот, барајќи поголеми плати, па терминалите, тоалетите и паркинзите се во многу лоша состојба, а сега е шпицот на туристичката сезона, пишува „Слободна Далмација“.

Низ сплитскиот аеродром во саботата поминале рекордни 29.000 патници, а вчера околу 24.000.

„Чистиме колку што можеме и некако одржуваме ред. Веќе долго време сме во преговори со компанијата со која имаме договор за чистење и бараме решение за проблемот“, вели Мате Мелван, раководител на служба на сплитскиот аеродром.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот