На Палевски му е одреден 40 дена затвор во Турција

Фото: Фејсбук/Љупчо Палевски

На Љупчо Палевски му е одреден привремен затвор во „Затворена казнено -поправна установа Беликесир“ -Турција, информира преку соопштение Министерството за правда.

Во дописот од Републичкото Јавно Обвинителство Беликесир- Турција информираат дека на лицето Љупчо Пелевски, кој со потерница беше уапсен за кривично дело „Намерно убиство на дете”, согласно Законот 6706 член 14 , со цел да се обезбеди екстрадиција на лицето во наведената земја ( Македонија), согласно член 16 од Европската конвенција за екстрадиција на криминалци, му е одреден привремен затвор во траење од 40 дена.

Палевски е првоосомничен за убиството на малата Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Пендаровски: Потребно е именување на одговорните и прочистување на судството

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот