На граничниот премин меѓу Србија и Бугарија запленети 40 килограми дрога, уапсени две лица

Апсење / Фото: МИА

На граничниот премин „Рибарци“ меѓу Србија и Бугарија уапсени се двајца Романци кои поседувале околу 40 килограми дрога.

При преминување на границата за излез од Србија, во багажникот на возилото биле пронајдени 41 пакет со марихуана.

Од мерењето на супстанцијата било утврдено дека има бруто тежина од 40.145 грама, која е одземена, а обвинети се двајца романски државјани за неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога. Осомничените со кривична пријава ќе бидат изведени пред заменик висок јавен обвинител, соопштија српските медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот