
На Додик му е крив Сорос за тоа што му се случува на Вучиќ
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека американскиот милијардер Џорџ Сорос и неговите организации стојат зад „обоените револуции“ што според него се „спроведувале“ денес во Србија и во некои други земји.
Препорачано
Додик оцени дека она што го прават Сорос и неговите организации е „криминален потфат“.
„Значи, тие ги користеа легалните средства на американските даночни обврзници за да се справат со државите и властите низ целиот свет, бидејќи тие не им одговараа“, рече осудениот лидер на босанските Срби, кој жестоко ги поддржува Вучиќ, Орбан, Путин, но и Трамп.
Во подкаст на американската новинарка Лара Логан, Додик повтори дека дека Сорос е „негативец“ кој треба „да биде забранет“ и дека „неговите организации се еднакви на фашистите“.
Тој рече дека единствената личност во Европа која, по Адолф Хитлер, наметнувала закони, е Кристијан Шмит (високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ поради кого Додик беше осуден во Сараево за непочитување на неговите одлуки).
„И тоа е она што Сорос го промовира. Да го шири овој разврат“, вели Додик, според Срна.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3мин
-
17мин
-
31мин
-
49мин
-
1час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5