На чело на партијата ВМРО-БНД на Каракачанов избрани тројца копретседатели

Красимир Каракачанов / Фото Архива на Слободен печат

ВМРО-БНД по оставката на претседателот Красимир Каракачанов, денеска на вонреден конгрес во Софија со 303 гласа „за“, ниту еден глас „против“ и ниту еден воздржан, избра ново раководството на партијата.

На отворањето на конгресот воведно излагање имаше Каракачанов кој се осврна на учеството на ВМРО во  минатата влада со премиерот Бојко Борисов и рече дека „благодарение на цврстата позиција на ВМРО, не е направен пробив во односите со Северна Македонија“.

Нови лидери на партијата ВМРО се Ангел Џамбазки, Искрен Веселинов и Александар Сиди, соопшти прес-центарот на партијата, додека Каракачанов останува во ВМРО како почесен претседател.

Ангел Џамбазки е европратеник во втор мандат и заменик-претседател на ВМРО. Искрен Веселинов е актуелен заменик-претседател и претседател на пратеничката група во Народното собрание. Александар Сиди е поранешен член на националното раководство и исто така пратеник во Парламентот.

За генерален секретар на ВМРО со 306 гласа „за“ е избран досегашниот организационен секретар и пратеник во Собранието, Јулијан Ангелов. Во моментов е во тек изборот на другите раководни органи на партијата.

Промените во ВМРО дојдоа по изборните резултати на парламентарните избори во ноември. Тогаш партијата освои нешто повеќе од 1 процент и раководството си поднесе оставка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот