На Британците има затропаа извршителите: Присилна наплата на долгови за 280.000 домаќинства

Фото: EPA-EFE/FACUNDO ARRIZABALAGA

Локалните власти во Англија им пријавиле на судските извршители најмалку 280.000 домаќинства поради даночен долг во првата година од пандемијата од коронавирус и побарале од повеќе од 115.00о луѓе да им се одбијат бенефициите за отплата на заостанатите долгови, објави Обзервер.

Локалните совети усвоија различни пристапи за заостанатите даночни обврски поради забавувањето на економијата и порастот на невработеноста во текот на 2020-21 година.

Податоците добиени според Законот за слобода на пристапот до информации покажуваат дека советите во периодот 2о20-21 пријави 281.380 домаќинства до судските извршители, при што најмалку 93.031 случај се однесуваат на заостанати законски обврски кои настанале во текот на таа година, а не претходните години, пренесува Гардијан.

Судските извршители можат да ги посетат домовите на луѓето за да се обидат да ги соберат парите, па дури и да запленат работи од домовите заради неплатен долг, иако таквата постапка беше запрена во текот на првите месеци од пандемијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот