На бензиските на ОКТА од вчера почнаа да делат бесплатни маски и ракавици

Сите посетители на бензинските станици со брендот ОКТА во Карпош 3, Аеродром, Ново Лисиче, Автокоманда, на автопатот Скопје – Тетово (после првата наплатна рампа) и на автопатот Тетово – Скопје (пред последната наплатна рампа) ќе добијат бесплатни заштитни маски и ракавици. Заштитните средства ќе бидат достапни се додека има расположливи количини. Со овој гест се упатува апел до граѓаните да се заштитат и да ги следат препораките на надлежните институции и мерките за спречување на ширењето на КОВИД 19.

Со цел заштита на своите вработени, на посетителите, а и на граѓаните пред се, од самиот почеток се следат насоките и се применуваат превентивните мерки во целост. Сите вработени на бензинските станици со брендот ОКТА се обезбедени со заштитни маски и ракавици, а се преземаат и сите препишани мерки за постојана дезинфекција на објектите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот