На Американка и се суди за тероризам: Како учителката во ИСИС обучувала и деца и се омажила со неколку припадници

Алисон Флуке Екрен/Фото: Alexandria Sheriff's Office

Судот во Канзас на жена обвинета за теророзам и одби кауција и таа ќе остане во притвор за време на судењето.

Алисон Флук-Екрен (42) е обвинета дека ја водела женската борбена единица на Исламската држава. Таа е обвинета за планирање „насилен џихад“, а во обвинението се наведува дека тренирала шестгодишни деца да користат автоматско оружје. Таа се соочува со затворска казна до 40 години.

На многумина сè уште не им е јасно како поранешната учителка се претворила во терористички фанатик. Лери Милер, кој и предаваше Екрен во 1990-тите кога таа беше тинејџерка, за Би-Би-Си изјави дека бил шокиран кога слушнал дека таа се поврзала со Исламска држава.

„Таа беше многу, многу добар ученик. Беше интелигентна и имаше смисла за хумор. Нејзините родители многу и даваа поддршка“, рече тој.

Тој рече дека пред околу 15 години добил мејл од неа во кој го пофалила како учител.

„Тоа беше навистина убаво писмо, во кое напиша колку ја сака науката и како наскоро ќе дипломира и сама ќе предава на училиште. Таа никогаш не направила ништо за да покаже дека сака да наштети на друго живо суштество“, рече тој.

Се омажила за неколку членови на ИСИС

Но, Флук-Екрен подоцна стана верен следбеник на екстремистичката идеологија за која се залага Исламската држава. Во доцните 2000-ти, таа извесно време живеела на Блискиот Исток со тогашниот сопруг и децата. Помеѓу 2008 и 2010 година напишала блог од кој изгледа дека живеела нормален живот.

Околу 2012 година била прошверцувана во Сирија, по што се активирала во терористичка организација. По смртта на нејзиниот прв сопруг, таа се омажила за неколку членови на ИСИС и обучувале жени и девојки да користат оружје посебно калашников како и бомби.

Нејзините родители и двете возрасни деца побарале да и се забрани контакт со нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот