На 23 декември отворена седница на Апелацискиот суд за случајот со малиот Алмир

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Апелацискиот суд на 23 декември ќе ги разгледа жалбите на двете страни во врска со одлуката на Основниот суд на Куманово за случајот со Алмир Алиу, пишува Алсат.

Со последната одлука, осомничениот Бобан Илиќ беше осуден на 6 години затвор, додека Седат Алиу, Абдула Алиу и Сами Демири добија 6 и 9 месеци ефективен затвор.

После жалбата, првата одлука на Судот од Куманово се врати на повторно судење, додека судијката Маја Денкоска повторно ја донесе истата одлука за четворицата обвинети.

Трагичниот настан во кој Алмир Алиу го изгуби својот живот се случи на 25 јуни 2016 година во Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот