МЗТ Скопје преку Работнички до Суперкупот 

МЗТ Скопје во драматичен натпревар го победи Работнички/фото: КФСМ

Актуелниот освојувач на двојната круна минатата сезона, МЗТ Скопје Аеродром го освои и првиот пехар пред стартот на новата сезона, „металците“ во Суперкупот кој го носи името „Драган Василов Цевка“ во драматичен натпревар го совлада Работнички.

„Металците“ во драматичен натпревар во кој имаше пресврти и неизвесен финиш со 79:78 го совладаа Работнички.

Натпреварот подобро го отвори тимот од Градски Парк кој поведе со 10:4 по четири минути игра и предноста ја чуваше се до последните две минути од првата четвртина (17:10) кога се разбудија „металците“ и со серија 8:1 завршија првите 10 минути од натпреварот.
Втората четвртина помина во израмнета игра и на одмор се замина до мининална предност од 37:36 замина Работнички.

Воведните минути  од второто полувреме поминаа во знакот на Работнички кој направи серија од 5.0 за водство од 42:36, а одговорот на МЗТСкопје беше серија од 11:0 и преземање на водството. Највеќе благодарение на расположениот Адем Мекиќ кој постигна 27 поени, МЗТ Скопје ја доби третата четвртина со 31:17.
Но, кошаркарите на Работнички не се предадоа, направија серија од 10:2 со која дојдоа на негатива од шест поени (72:66), но не застанаа тука туку со нови четири поени дојдоа и до минус два (72:70).

Но, МЗТ Скопје го имаше одличниот Мекиќ, кој со две тројки  донесе водство од 78:72 на три минути до крајот.
Сепак, двете екипи ја дочекаа последната минута од Суперкупот со резултат (79:78) за МЗТ Скопје Аеродром. Мекиќ не положи за победа, но пожртвуваноста на највисокиот актер на мечот, Рикиќ беше пресудна за триумфот на „металците“.

Мекиќ со 27 поени беше главна фигура во таборот на МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски реализираше 16 поени, додека кај Работнички најефикасни беа Мустафица со 24 и Емерсон со 23 постинати поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот