МЖСПП: Од почетокот на февруари задолжително почитување на стандарди за цврсти биогорива

На барање на Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за економија, согласно Законот за општа безбедност на производите, ги вклучи стандардите за цврсти биогорива во Листата на стандарди со чија употреба се смета дека производот е безбеден.

Како што соопшти денеска Министерството за животна средина и просторно планирање,  со објавување на дополнетата листа на стандарди во Службен весник, од 2 февруари овие стандарди стануваат задолжителни и за производителите и за трговците.

– На тој начин се воведува регулирање на квалитот на цврстите горива што се користат во државата, со што ќе се влијае на подобрување на квалитетот на воздухот, на животнта средина и на здравјето на луѓето, се наведуав во соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот