
МВР и Службен весник се дигитализираа за побрзо објавување на изгубени лични документи
Секторот за информатичка технологија при Министерството за внатрешни работи изработил дигитална платформа за размена на податоци за објавување на изгубени или украдени документи кои треба да бидат објавени во Службен весник.
Препорачано
Наместо досегашната практика на размена на податоци помеѓу МВР и Службен весник по пат на електронска пошта, информациите ќе се пренесуваат преку национална платформа за интероперабилност, што е дел од потпишаниот договор помеѓу МВР и Службен весник.
„Со овој унапреден начин на работа, Службен весник на дневно ниво автоматски ќе ги презема пријавените изгубени или украдени документи, со цел нивно објавување за неважечки документи. По нивното објавување, МВР на ист начин, преку националната платформа за интероперабилност, автоматски ги презема објавените неважечки документи од страна на Службен весник и ги ажурира во интерниот систем, со цел граѓаните побрзо да извадат нов документ“, соопшти МВР.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6час
-
6час
-
6час
-
6час
-
6час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5