Муслиу: Тоа што Македонија добро се справи со Ковид-19, иако е без фунционален парламент, е причина што некои партии бараат одложување на изборите

На избори мора да одиме. Ние сме една од ретките држави во светот која е без функционален парламент и држава која добро се справи со пандемијата, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, политичкиот аналитичар, Алберт Муслиу.

Бројот на граѓани кои поради пандемијата се вратија во Македонија е голем и нивните гласови може да бидат пресудни за тоа кој ќе победи на овие парламентарни избори.

-Мислам дека барањето да се одложуваат изборите е причината која што ја напоменав претходно – Македонија добро се справи со пандемијата, а тоа и граѓаните го мислат. Ако пред КОВИД-19 балансот беше изедначен. Ние укажувавме дека ќе имаме остра кампања и пред пандемијата и кај албанските политички партии никоја не може да го предвиди резултатот. Бројот на гласачите кои поради КОВИД-19 се вратија во Македонија е голем и тоа може на крајот да одлучи за победникот, додава Муслиу.

Според него, веќе се надзира новото мнозинство кое ќе формира влада.

-Владеењето на правото и борбата против корупцијата ќе решава за влез во владата. Но сметам дека веќе моѓе да е насети и надзира новото мнозинство кое ќе се формира, ијзави Муслиу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот