Мурињо: Јас сум ѓубре

EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

Португалскиот тренер, Жозе Мурињо, не престанува да ја интригира јавноста со интересни изјави. Овој пат, на „менито“ на поранешниот тренер на Порто, Челси, Интер, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, беше односот со неговите играчи.

– Кога фудбалерите со кои сум работел би ме опишале со еден збор, тој збор сигурно би бил „ѓубре“. Па зошто тогаш соработуваат со мене? Поради победите. Секогаш на почеток од заедничката соработка отворено ги прашувам: Сакате ли да бидете победници? И доколку одговорот е позитивен, дури тогаш имаме за што да зборуваме – вели Мурињо.

Мурињо има две титули во Лигата на шампионите, со Порто триумфира 2005 година, додека 2010 година, тоа го стори и со Интер, во чиј состав тогаш настапуваше и капитенот на македонската репрезентација, Горан Пандев.

Последниот ангажман на Мурињо беше во Манчестер јунајтед, но во декември минатата година беше отпуштен поради слави резултати во Премиер лигата, иако во ЛШ тимот го внесе во осминафиналето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот